Во РЕК „Битола“ два термоблока во дефект

Bez autora
Dec 05 2010

Веќе трет ден РЕК „Битола“ поради дефекти на првиот и третиот термоблок, во електроенергетскиот систем на Македонија е вклучен само со вториот блок. Пред пет дена бил исклучен третиот блок, откако претходно се појавиле високи температури на едно од лежиштата на турбината. Меѓутоа, пред два дена пукна цевка и се скина во системот на првиот термоблок, поради што и тој мораше да биде исклучен од работа. Од ЕЛЕМ велат дека дефектот во првиот блок е саниран и најдоцна денеска до 17 часот ќе биде вклучен во мрежа. Исто така, привршуваат работите и на третиот блок, каде се очекува околу полноќ да започнат пуштачки операции и истиот да биде вклучен во мрежа во утринските часови. Неколкудневните дефекти не ги зголемија тековните динамики на увезена струја бидејќи поради нагласената хидролошка состојба, хидроелектраните работат со полн капацитет, беше речено денеска од државните електрани.

Во РЕК „Битола“ два термоблока во дефектВеќе трет ден РЕК „Битола“ поради дефекти на првиот и третиот термоблок, во електроенергетскиот систем на Македонија е вклучен само со вториот блок.

Пред пет дена бил исклучен третиот блок, откако претходно се појавиле високи температури на едно од лежиштата на турбината.

Меѓутоа, пред два дена пукна цевка и се скина во системот на првиот термоблок, поради што и тој мораше да биде исклучен од работа.

Од ЕЛЕМ велат дека дефектот во првиот блок е саниран и најдоцна денеска до 17 часот ќе биде вклучен во мрежа.

Исто така, привршуваат работите и на третиот блок, каде се очекува околу полноќ да започнат пуштачки операции и истиот да биде вклучен во мрежа во утринските часови.

Неколкудневните дефекти не ги зголемија тековните динамики на увезена струја бидејќи поради нагласената хидролошка состојба, хидроелектраните работат со полн капацитет, беше речено денеска од државните електрани.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik